Тимовите кои беа најдобри во своите третолигашки региони доминантно дојдоа до промоцијата која ја посакуваа цела сезона. Шкендија Арачиново во тензичен меч на Градскиот стадион во Кавадарци славеше над ГФК Осогово со 2-1 и така ги испрати „жетварите“ кон можна Трета лига, а себеси си обезбеди сигурна промоција. Арачиновци по долго време пак ќе играат во Втората лига, во која беа меѓу најдобрите во 1995 и 1996 година.



















































