Со свечена академија, РК Еурофарм Пелистер се потсети на седумте децении организирано ракометно движење под името Пелистер. Надојдоа емоциите со видео-пораки од целиот свет, а со овации беа наградени оние кои предвреме го напуштија овој свет. Публиката им се поклони на поранешните претседатели, некои добија постхумни признанија, како почесниот претседател Силјан Мицевски. Некои и денес од трибините навиваат за Пелистер. Благодарници добија и спортски работници, тренери, хроничари, легендарниот економ Дади и уште многу, многу други. На крај, благодарница замина и во рацете на навивачката група „Чкембари“, која годинава исто како РК Пелистер слави јубилеј. Пред 40 години токму пред еден ракометен натпревар се роди навивачката група и денес таа е верен сопатник на битолчани.















































