Атмосфера за чиста десетка во салата „Боро Чурлевски“, но ракометарите на Еурофам Пелистер немаа решение за разиграниот Колштад. Македонскиот шампион со пораз ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, во која се врати по пауза од 18 години. Ѕвездениот норвешки тим предовден од Сандер Сагосен беше пресилен за мотивираните пелистерци и со два бода ја отвори групата А од елитата. Битолската сала беше исполнета до последно место, атмосферата во текот на сите 60 минути беше феноменална, но „зелено-белите“ не го искористија тоа и својата прва победа во ЛШ ќе ја бараат на следните натпревари.