Опуштање, реакција и на крај победа – Тоа се трите лајт-мотиви од првиот меч на македонската одбојкарска репрезентација на вториот турнир од Европската лига. Албанија не беше наивен противник, а на одбојкарите на Жарко Ристоски им требаа пет сета за да слават (3-2). Ѓорѓиев пак ги презеде работите во свои раце и со 31 поени ги заврши албанските сништа. Но, овој меч треба да биде сериозна опомена за македонските одбојкари. Утре против Данска и в сабота со Бугарија мора многу подобро и поконцентрирано. Ни недостигаат само два сета за првите денови од јули да ги минеме на Ф4 во Варна.




































