Фудбалерите на Тиквеш и Силекс го поделија пленот во пресметката од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига, откако одиграа нерешени 0-0. Дуелот на „Градскиот стадион“ во Кавадарци мина во знакот на израмнетата игра, без претерано многу возбудувања и остана впечаток дека актерите на теренот останаа должни на публиката. Силекс по две победи во низа впиша реми кое за нив и не е така лош резултат, додека кавадарчани како да заборавија да победуваат во ПМФЛ...