Македонија врти нова страница. Можеби ќе биде 11. во Европа, но кој знае каква утеха ќе биде тоа на крајот. Поразот од Белорусија сигурно е голема бламажа, шлаканица и опомена за во иднина. Пристап, тактика, потценување, што и да беше, денешните 60 минути немаат никаква вредност во нашиот турнир. Како и против Хрватска, повторно се посрамотивме, а секојдневно зборуваме за Олимпијада. Оваа денешна Македонија, која загуби од Белорусија, Олимпијада може да гледа само на ТВ. Веројатно имаме доволно време до април за да се разбудиме.