Екипата на Академија Пандев имаше неславно деби во квалификациите за Лигата на Европа, затоа што на домашен терен убедливо загуби од Зрињски Мостар (0-3) и само чудо на гостински терен може да ја однесе во наредната рунда. „Пандевци“ влегоа оптимистички, според ждрепката, го добија посакуваниот ривал, меѓутоа не беа воопшто опасни во клучните моменти од мечот. Зрињски, пак, играше полетно, доста создаваше шанси, па победата од три гола разлика е сосема заслужена. Реваншот во БиХ е за седум дена, меѓутоа, тешко дека македонскиот претставник ќе може да направи подвиг и да мине понатаму.