Во натпревар во кој немаше многу квалитет, но имаше огромна драма и неизвесност, Еурофарм Пелистер го скрши малерот и го совлада Мешков Брест во петтиот обид. Победата по изведување на седмерци со 27-26 (23-23 во регуларниот тек) носи прв историски „фајнал-фор“ на СЕХА лигата за пелистерци. Победата има неколку јунаци, но „Чкембарите“ го величаат Урбан Лесјак, автор на одлучувалката одбрана. Ова е одлична увертира за тоа што следува, почнувајќи од следниот викенд и полуфиналето во Задар против Веспрем.