МЗТ Скопје е првиот финалист во македонскиот кошаркарски шампионат откако славеше на гости кај ТФТ (82-92) и ја доби полуфиналната серија со 0-2. Аеродромци, кои се бранители на титулата, во финалето ќе играат со подобриот од мечот меѓу Пелистер и Еуро Никел кои ќе играат „мајсторка“. За МЗТ Скопје ова е шеснаесетто финале во историјата, десетто едно по друго. Аеродромци ќе играат за деветтата титула.