Ракометната репрезентација на Македонија одигра херојско реми против Унгарија (27-27) во првото коло на Светското првенство. Натпреварот се одигра во „Арена Вараждин“, меѓутоа наликуваше како да се игра среде Македонија. Црвено-жолтата боја доминираше на трибините, што беше спротивно на идејата на организаторот кој ја одбра Унгарија да игра во Вараждин и очекуваше „инвазија“. Епа, Хрватите го добија очекуваниот наплив на навивачка армија, само што тоа беше македонската. Се очекуваат уште повеќе навивачи на следните два натпревари, особено бидејќи доаѓа викенд.





























