Македонија офанзивно го одигра својот најдобар натпревар на шампионатот, а дефанзивно прими премногу голови и тоа е причината што не ја победи на ова првенство одличната Норвешка. Ремито 31-31 е отсликување на нашиот турнир полн со осцилации, но сепак една од финалните цели е на дофат. Ова реми колку што за нас значи мал чекор кон подобар пласман во Краков, толку за Норвешка значи чекор назад и оддалечување од полуфиналето. А сега ни преостанува само сонот за Рио, за кој попладнево во Краков заеднички навивавме со полските фанови.