Македонија е европски е-спорт првак во Дота 2!

Македонската е-спорт репрезентација во Дота 2 го освои трофејот на Европското првенство кое се одржа во Приштина. 

Нашата репрезентација во финалето третпат ја победи Белорисија, овојпат со 2-1 и го крена трофејот на овој турнир. Македонија одигра перфектно во Приштина, забележа седум победи и беше без пораз во походот кон тронот. 

Во групната фаза нашата селекција ги победи Белорусија, Унгарија, Грузија и Хрватска. Потоа во првата нокаут рунда славеше со Романија (2-0), а во полуфиналето ја совлада Белорусија (2-0). Бидејќи на овие турнири има костур за втора шанса, Белорусите се вратија на посакуваниот пат и играа финале, ама загубија. 

Македонската е-спорт федерација и репрезентативците заработија највисока премија на турнирот, односно ќе поделат 7.000 евра.