Македонската е-спорт репрезентација ќе учествува со три тима на Светското Првенство во Е-спорт, во Бали 2022. Индонезија, земјата на боговите, ќе биде домот на претстојниот Светски шампионат во Е-спорт, кој се одржува од 1 до 12 декември. На првенството ќе се натпреваруваат повеќе од 600 играчи од 106 земји. Македонсата е-спорт репрезентација ќе се натпреварува во три дисциплини: Dota 2, eFootball и CS:GO.