Златен медал за Македонија: Марија Димовска е светска шампионка во кик-бокс!

Македонската кик-боксерка Марија Димовска освои златен медал на Светското јуниорско првенство  за кадети и јуниори во Будимпешта!

Младата кик-боксерка во финалето во Унгарија беше подобра од Мија Лијамичев од Израел и ја победи со резултат 2-1. Нашата репрезентативка направи уште еден подвиг и успех, откако во февруари беше сребрена на Европското првенство за јуниори и кадети. 

Овојпат Марија Димовска направи чекор повеќе, освои златен медал за Македонија во кик-бокс. 

На истиот турнир но во машка конкуренција за злато се бореше Лука Змејкоски, но загуби во финалето. На ова Светски првенство учествуваа 2.256 спортисти со над 3.092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.