„За Нед До“ со 14 медали се враќа од СП во Сер

Боречката академија „За Нед До“ со нов голем успех се враќа од еден светски шампионат. Македонскиот тим изминатиов викенд учествуваше на Светското првенство во Сер, Грција, а оттаму се враќа со дури 14 медали. 

На настанот со свои национални тимови учество имаа 16 држави со над 1.000 натпреварувачи, а „За Нед До“ се натпреваруваше во три категори (кик бокс – самоодбрана и музички форми со традиционално оружје) и освои 14 медали - 9 златни, 4 сребрени и 1 бронзена.

Шампионатот беше во организација на Светската федерација за боречки вештини, со поддршка од Грчката федерација за боречки вештини и градот Сер.