• Мартин Танасковски

Александар Волкановски по пет рунди голема борба успеа да го победи Диего Лопез и да го врати трофејот во ММА светски шампион во лесна категорија.
Австралијанецот со македонско потекло до историската победа стигна со едногласна одлука на судиите (48-47, 49-46, 49-46). На тој начин Волкановски стана првиот борец во историјата на УФЦ со 35 или повеќе години кој победил на борба за појас во категориите од мува до лесна.
Американските медиуми ја објавија и заработката на Волкановски од борбата на УФЦ 314. Борачот за победата заработи 1.482.000 долари и е на првото место на табелата пред неговиот ривал Диего Лопез кој доби 682.000 долари.
Оваа сума е без дополнителната заработка на Волкановски кога се говори за спонзорите.