УФЦ не попушта: Хабиб и Фергусон ќе влезат во октагонот и покрај заканата од ковид-19

Хабиб

Локацијата е единствениот проблем со кој што УФЦ се соочува во пресрет на претстојниот настан УФЦ 249. Главната борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон се одложува во неколку наврати, па сега фановите се загрижени дека тоа ќе се случи повторно.

Епидемијата со коронавирусот е причината поради која постои страв за откажување на овој спектакл. Претседателот Дана Вајт изјави дека и натаму размислува каде да го премести настанот, но не планира истиот да го откаже, без разлика на ситуацијата со ковид-19.

„Разгледуваме повеќе опции. Планираме да биде настан без фанови. Борбата сигурно ќе се одржи, само треба да се регулираат некои детали“, вели првиот човек на УФЦ.

Дали проклетството да се откажува судирот меѓу Нурмагомедов и Фергусон ќе продолжи останува да видиме на 19 април.