Трајковски донесе злато, а Стојановиќ бронза на Балканското првенство во карате

Двајца каратисти на Макпетрол попладнево се закитија со медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци што се одржува во Љубљана, Словенија.

Витомир Трајковски го освои златниот медал во категоријата под 84 килограми во младинска конкуренција. Стефан Стојановиќ пак се закити со бронзата во категоријата над 84 килограми исто така во младинска конкуренција.

На ова Балканско првенство учествуваа тринаесет земји.