Таеквондистот Георгиевски против светскиот првак на ЛОИ во Токио

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го доби ривалот во првото коло на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и ждрепката не беше премногу наклонета.

Георгиевски во првото коло ќе оди на Рафаел Алба од Куба, инаку светски шампион во 2013 и 2019 година, а исто така зад своето име има и бронзен медал во 2015 година. На хартија важи за фаворит, но Георгиевски ќе има шанса да покаже зошто е на Летните Олимписки Игри.

Георгиевски и Алба ќе излезе на мегдан на 27 јули, во периодот меѓу три и четири часот по полноќ по македонско време.

Македонија ќе има осуммина претставници и тоа двајца пливачи, а по еден таеквондист, атлетичар, џудист, каратист, стрелач и борач. На списокот се најдоа двајца пливачи Блажевска-Еминова и Деркоски, Нуров во слободен стил на борење, Бранковски во спортско стрелаштво, каратистката Јованоска, таеквондистот Георгиевски, џудистката Реџепи и атлетичарот Стојоски.