Струшки Дрим со шест медали се враќа од џудо-митинзите во Србија

Џудистите на Дрим од Струга се закитија со шест медали од кои два златни, три сребрени и еден бронзен на двата меѓународни натпревари „Трофеј на Зворник” и “Алексинав 2024”.

Со златен медал се закитија Мила Стојанова и Анамарија Стојмиловска, сребрени одличја освоија Амар Бајрамоски, Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифовска, додека со бронзен медал се закити Софија Матоска.

Одличен настап имаа и Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Јован Наумоски и Матеј Димитроски, но, не успеаа да се закитат со медали.

Стружани им се заблагодарија на Србите за организацијата и голема благодарност за гостопримството.