Стефан Стојановиќ сребрен на Светската карате лига во Венеција

Македонското карате слави нов усоех. Членот на Макпетрол, Стефан Стојановиќ продолжува да реди успеси на меѓународната сцена откако денеска се закити со сребрениот медал на последниот сезонски тутнир во Светската карате младинска лига што се одржува во Венеција, Италија.

Во категоријата над 84 килограми, Стојановиќ во елиминациите имаше четири победи по ред. Тој денеска во големото финале се соочи со Украинецот Данил Касијанов и беше поразен со минимален резултат 0-1.

На овој силен турнир беа пријавени дури 4.133 натпреварувачи од 81 земја.

Од останатите натпреварувачи на Макпетрол на овој турнир во Венеција високи пласмани обезбедија и  Јована Мицовска и Данило Божовиќ, кои завршија на седмото место.