Среде пандемија Јапонците организираа кик-бокс спектакл пред 5.000 луѓе!

Јапонија и нивната култура се убедени дека може да се справат со коронавирусот. Затоа и до последен момент се обидоа да не ги поместуваат Олимписките игри. Вчера тие му пркосеа на вирусот и организираа кик бокс турнир со присуство на публиката, иако властите бараа натпреварувањето да се одложи.

Сепак, организаторот не го откажа настанот, туку дистрибурираше маски и ракавици за 5.000 фанови кои уживаа во седум борби.

Освен фудбалскиот шампионат на Белорусија и шаховскиот турнир на кандидатите во Екатеринбург, сите останати спортски манифестации се одложени заради пандемијата од ковид-19.