• Редакција Gol.mk
Викендов во СЦ „Јане Сандански“ ќе се реализира вториот по ред Европски јуниорски Куп во џудо - Скопје 2024.
По тој повод денес беше реализирана прес-конференција, на која зборуваше првиот човек на нашата федерација, Владимир Трпановски.
„Годинава имаме преку 260 натпреварувачи, како и неколку судии што беа на Олимписките игри во Париз. Тие дојдоа доброволно а не по наше барање, што е реткост.
Турнирот ни е последен тест за она што следи догодина, бидејќи со лобирање успеавме да го земеме Европското кадетско првенството, кое е најмасовно. Ќе потенцирам дека Европскиот Куп ќе биде традиционален и ќе се реализира додека ги исполнуваме сите барања“, изјави на средбата со новинарите, Владимир Трпановски, претседател на нашата џудо федерација.
Се очекува голем интерес и масовна посета на овој голем спортски настан од областа на боречките вештини.