Скопје домаќин на Европскиот јуниорски џудо-куп

Скопје и Македонија месецов ќе бидат домаќини на голем спортски настан.

Вториот Европски јуниорски џудо-куп ќе се одржи од 9 до 11 август во Скопје.

„Со задоволство можеме да кажеме дека афирмација на џудото е во добиената организација на Европскиот јуниорски џудо-куп. Минатата година учествуваа 223 џудисти од 29 земји, меѓу кои и од Америка, Канада, Израел и Саудиска Арабија. Годинава досега се пријавени 220 учесници од 25 земји.

Пријавувањето е во тек. Поради добрата организација и највисоките оценки што ги добивме од Европската џудо-федерација и од Светската џудо-федерација, продолжуваме со организација на овој јуниорски куп, но и на Европското кадетско првенство во 2025 година“, изјави Миодраг Стојановиќ, потпретседател на македонската Џудо-федерација.

Од Џудо-федерацијата на Македонија најавија дека влезот е бесплатен.