Симболиката на шорцевите на Алекс Волкановски: Шампионот не го заборави потеклото!

Алекс Волкановски го доби ММА спектаклот против Диего Лопез и одново го освои појасот во УФЦ. Тој стана прв борец со 35 или повеќе години кој победил во борба за појас. 

Едно нешто беше забележително за Волкановски на овој настап, а тоа беа шорцевите кои ги користеше. Преку нив борецот сакаше да го испочитува своето потекло, бидејќи неговиот татко е Македонец, неговата мајка е од Грција, а тој е роден и живее во Австралија. 

Поради тоа, на шорцевите имаше симбол од македонското знаме во чест на неговиот татко, користено беше грчкото писмо во чест на неговата мајка, а основните бои беа зелена и златна во чест на Австралија. 

„Сакав луѓето да видат нешто повеќе од обичен дизајн. На овој начин може да се почувствува моето семејство, моите корени и мојата приказна“, изјави Волкановски.

Александар Волкановски низ својата кариера многу пати гордо ги покажуваше македонските, но и грчките и австралиските симболи.