Шерифовска и Ангелов ќе нè претставуваат на ЕП во џудо за јуниори

Македонската џудо-репрезентација со двајца натпреварувачи, Берна Шерифовска (до 57 килограми) и Борче Ангелов (до 73 килограми), ќе настапи на Европското првенство за јуниори и јуниорки во главниот град на Бугарија, Софија.

Нашата делегација, предводена од селекторот Горан Мицкоски, веќе е во Бугарија и се подготвува за првите настапи. Шерифовска во првото коло ќе се сретне со Етери Липертелиани од Грузија, со која имаше изедначена борба на Купот на Европа во Романија. Ангелов прв ривал ќе има во Килијан Очш од Германија и ќе се обиде да ја префрли формата со која се прикажа во одлично светло на Балканијадата. 

На Европското пвенство пријавени се вкупно 405 натпреварувачи од кои 217 во машка и 188 во женска конкуренција во осум тежински категории од 42 држави.