СЕНЗАЦИЈА во Париз: Милјана Рељиќ ја „тресна“ двојната олимписка шампионка Џонс! (ВИДЕО)

Македонската теквондо натпреварувачка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на своето деби на едни Летни Олимписки Игри.

Таа во категоријата до 57 килограми точно напладне се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија. Мила влезе храбро во борбата во која агресивната Британка ги освои првите поени. Сепак, Мила ја доби првата рунда со 7-6. Во втората, искуството на противничката дојде до израз, па ја доби рудата со 5-4 за израмнување на резултатот 1:1 во рунди. Решавачката трета рунда заврши нерешено 1-1, но поради повеќето контакти Мила излезе како победничката.

Така нашата таеквондистка обезбеди четвртфинале. Следува борбата против Летиција Ајуд од Либан и тоа во 15.45 часот.

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

Нашиот знаменосец Мила Рељиќ на Олимписките игри се пласира откако се закити со златен медал и стана европска клупска шампионка во албанскиот главен град Тирана. Без загубена рунда и со четири победи на првенството во Тирана, Македонката дојде до златниот медал, победувајќи ја во финалето квалитетната Јулија Шпак од Полска. 

Денес пораз во првото коло забележа борачот Владимир Егоров. Тој во категоријата борење слободен стил до 57 килограми загуби од петтиот носител Амар Шерават од Индија.