„Се чувствувам како „Господар на прстените", догодина сакам да испишам историја“

Ентони Џошуа по вторпат стана светски бокс првак во тешка катерогија. Британецот си го врати појасот во реваншот против Енди Руиз, а славеше по едногласна одлука на судиите. Американскиот боксер сега е сопственик на појасите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО категории. 

Џошуа сака во 2020 година да се бори со победникот од натпреварот за ВБЦ шампион меѓу Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. 

„Се чувствувам како да сум во „Господар на прстените“, борбата за последниот прстен. Ја сакам таа борба, сакам да испишам историја. Мора да ја обележам 2020 година. Се наоѓам во иста класа, иста ера, но и момците мора да се сложат да испишеме историја.

Посебно Вајлдер ми е мета, тој е актуелен првак во таа категорија. Уникатен сум , бидејќи по вторпат станав шампион и во 2020 година мислам дека можам да додадам и други титули", истакна боксерот. 

Ентони Џошуа стана шести боксер кој успеал во два наврати да ја освои титулата светски првак. Претходно тоа им појде од рака на Мухамед Али, Ленокс Луис, Ивандер Холифилд, Мајк Тајсон и Флојд Патерсон.