ВИДЕО: Сакураи по три светски златa конечно го освои медалот коj ѝ недостигаше!

На програмата на олимпискиот турнир во борење слободен стил денес беа на програмата три категории, до 57 и 86 во машка категорија и до 57 килограми во женска категорија.

Во женското финале до 57 килограми победи Јапонката Цугуми Сакураи, која со 6-0 беше подобра од Молдавката Анастасија Ничита. Јапонката трипати беше светски шампион во оваа категорија (2021, 2022, 2023), а сега стигна до најголемиот успех во кариерата. Американката Хелен Марулис и Кинеската Хонг Кексин ги освоија бронзите.

Бугаринот Магомед Рамазанов, кој настапуваше за Русија до 2019 година, во финалето на категоријата до 86 килограми го победи Иранецот Хасан Јаздани со 7-1. Ова е трет олимписки медал за Иранецот, по златото од Рио де Жанеиро во категоријата до 74 килограми, и среброто во Токио до 86 килограми. Американецот Арон Брукс и Гркот Даурен Кугуглијев освоија бронза.

Во категоријата до 57 килограми најдобар беше Јапонецот Реи Хигучи, кој во финалето го победи Американецот Спенсер Ли со 4-2. Ова е втор олимписки медал за Јапонецот, кој има и сребро од Рио. Третото место го освоија Индиецот Аман Сехрват и Узбекистанецот Гуломјон Абдулаев.