Путин го прими Нурмагомедов: „Му кажав на татко ти да не биде престрог...“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин реши да го испочитува Хабиб Нурмагомедов и го прими во својата канцеларија, по повод победата на „УФЦ 229“ против Конор МекГрегор.

Дагестанецот го победи Ирецот, а потоа настана вистински хаос откако го прескокна кафезот и влезе во клинч со еден од тренерите на Конор. Путин истакна дека е горд на постигнатиот успех на борачот и се пошегува на негова сметка.

„Му кажав на татко ти да не биде престрог кон тебе, затоа што ти ја оствари целта што ја сакавме“, кажал Путин.

Зборовите на рускиот моќник доаѓаат по изјавата на Нурмагомедов на прес-конференцијата, на која кажа дека „татко му ќе го скрши од ќотек“ поради случувањата по борбата. Нурмагомедов остана непоразен во УФЦ, а можно е двајцата борачи повторно да влезат во рингот.