Почнува ЕП во борење: Нуров во првото коло против најмоќниот во светот

Денес во Рим почнува Европското првенств во борење во сениорска конкуренција. На шампионатот ќе настапат четири борачи од Македонија, а целта е освојување на барем еден медал.

Нашите претставници добија тешки противници на стартот од континенталниот собир.

Најтешка задача ќе има олимпиецот Могамедџи Нуров, кој во првото коло во категоријата до 97 килограми за противник го доби непорикосновениот Садулаев. Сепак, ова е шанса Нуров да се пробие во репасажот и да се бори за бронзен медал.

Владимир Егоров во првото коло ќе има противник од Ерменија, додека Бобан Данов ќе излезе на мегдан со ривал од Белорусија. Фати Вејсели во првото коло се среќава со борач од Полска.