Павлов поразен во второто коло на карате Премиер лигата во Дубаи

Денес во Обединетите Арапски Емирари започна ново натпреварување од Премиер лигата во карате. Во првото коло на турнирот во Дубаи, најдобриот македонски каратист Емил Павлов го победи незгодниот противник од Казахстан. Сепак, во второто коло Емил загуби од претставник од Романија со 1-0.

Со оглед на тоа што во третото коло и Романецот загуби, за Павлов нема место во репасажот и завршена е Премиер лигата за штипјанецот. Сепак, и со таа една победа, Павлов ќе добие бодови на светската ранг листа и ќе напредува. Сега нашиот каратист ја очекува Премиер лигата во Салзбур, а потоа и Европското првенство во Баку.

Денес во Дубаи ќе се појават Симона Заборска и Петар Заборски.