ВИДЕО: Нуров и Вејсели поразени на стартот на ЕП во борење во Италија

Могамедгаџи Нуров загуби од апсолутниот фаворит на Европскиот шампионат во борење во слободен стил во Рим, Абдулрашид Садуалев од Русија со 2-8. Нашиот борач во катефгоријата до 97 килограми сега мора да ја чека разврската и евентуален пласман на Садулаев во финалето, за да се вклучи во репасажот и да дојде до борба за бронзениот медал.

  • Борбата на Нуров и Садулаев: 

Убедлив пораз претрпе и Фати Вејсели, кој во категоријата до 70 килограми беше убедливо поразен со 1-:0 на поени од Магомедмурад Гаџиев од Полска.

Европско првенство - слободен стил:
61 кг.
Владимир Егоров (Македонија) – Арсен Харутјунјан (Ерменија)

70 кг.
Фати Вејсели (Македонија) – Магомедмурад Гаџиев (Полска) 0-10

97 кг.
Могамедгаџи Нуров (Македонија) – Абдулрашид Садулаев (Русија) 2-8

125 кг.
Бобан Данов (Македонија) – Игор Џијатко (Белорусија)