Нуров доби тежок пат за медал и олимписка норма на СП во Казахстан

Започна Светското првенство во борење - слободен стил во Казахстан, а Македонија е претставена со четири борачи. По ждрепката и протоколот, во категоријата до 97 килограми, кандидатот за освојување на олимписка норма, Магомедгаџи Нуров го дозна својот пат до завршницата.

За да го осигура Токио следното лето, Нуров треба да се пласира меѓу шесте најдобри на шампионатот. Стручњаците се убедени дека Нуров без проблем треба да ги помине и совлада ривалите во квалификациите и во осминафиналето, но во четвртфиналето повторно наидува на фаворизираниот Русин Садулаев

Дури и да загуби, Нуров ќе се најде во репасажот и борбата за третото место и бронзен медал, резултат кој ќе му донесе квалификација за Олимписките игри во Токио.