Рељиќ остана без репесаж, но на дебито е меѓу најдобрите осум на ЛОИ!

Македонската олимпијка Милјана Рељиќ остана без шанса за репесаж, откако во полуфиналната битка Летисиа Ајун која ја исфрли нашата претставничка претрпе пораз. 

Шанса за медал остануваше преку репесажот, но за такво нешто требаше Ајун да се пласира во финалето. Сепак, Либанката немаше сили и беше декласирана во полуфиналната битка од Нахид Кијани. 

Станува збор за светската првенка која потекнува од Иран, има 26 години и важи за една од главните фаворитки за злато. 

За Милјана Рељиќ со една победа над големата шампионка Џејд Џонс и тесен пораз од Летисиа Ајун, заврши настапот на Летните Олимписки игри во Париз.