Нема никакви дилеми околу пензијата: Хабиб ги кажа своите идни планови

Хабиб

Најавите на Дана Вајт, претседателот на УФЦ, дека Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во октагонот паднаа во вода. Русинот се откажа од ММА спортот по победата над Џастин Гејчи, прва по смртта на неговиот татко Абдулманап.

Фановите се надеваа дека непоразениот шампион не го кажал последниот збор, меѓутоа многу работи станаа појасни по неговото последно обраќање на јавноста.

„Можете да се борите до 40 години, но доколку имате цел за тоа. Мојата цел ја остварив, а тоа беше да стигнам на врвот.

Не планирам да им се вратам во борбите. Секогаш ќе има гласини. Јас завршувам факултет следната година, би сакал да ја бранам дипломската работа, да магистрирам и така натаму, да посветам повеќе време на образованието. И така ќе биде во следните пет години. Купив овци, се занимавам со земјоделство, би сакал да се развивам малку и во таа насока. Имам и бикови и крави“, јасно нагласи Хабиб.

Многумина веруваа дека Нурмагомедов ќе се врати за да стигне до скор од 30-0, но тоа најверојатно нема да се случи. Хабиб заминува во пензија поради ветување на неговата мајка, која не сака да се бори без присуство на татко му.