• Горан Упале
Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор е подготвен да се врати во октагонот. УФЦ објави неколку спектакуларни настани во 2023 година, а тоа го вклучува и враќањето на Џон Џонс во борбата против Сирил Гана во март.
Сепак, МекГрегор е најголемата ѕвезда на УФЦ и неговото враќање во 2023 година привлекува големо внимание. Тоа го потврди и тренерот Џон Кавано.
„Би се обложил со сè што имам дека Конор ќе се врати наскоро. Мислам дека во моментов се водат многу интересни преговори и не ми е дозволено да кажам ништо друго освен тоа, но прилично сум сигурен дека Конор ќе се врати во октагонот многу наскоро“, објасни ирскиот тренер.
Контроверзниот ММА борец веќе подолго време е надвор од октагонот. Тој по повредата на ногата пред две години најави пензионирање, а дали ќе го прекрши зборот ќе дознаеме наскоро.