• Саше Љолес

Македонскиот министер за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на отворањето на Европското кадетско првенство во борење, кое деновиве се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ристовски имаше можност да им посака успешен настап и фер борба на сите учесници, изјавувајќи дека овој настан е навистина важен за нашата држава. Во нашиот главен град ќе настапат повеќе од 800 ворци од 40 земји, што претставува огромно признание за македонското борење и за сите што вложуваат во овој спорт.
Министерот им посака особена среќа на осумнаесетте млади македонски борачи (по девет во машка и женска конкуренција и најави голема помош и поддршка од министерството во иднина.