Македонските кик-боксери спремни, се чека ждрепката за Европското првенство

Македонската кик-бокс репрезентација замина на ВАКО Европското првенство во Атина, Грција. Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кик-бокс Маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски-Урко, а пријавени за настап се: Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска.

Претседателот изјави дека репрезентацијата е подготвена во целост, очекува успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и oсвојување на медали.

„Ќе ja чекаме ждреpkata за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди“, изјави претседателот Митровски.

На ова првенство во Атина ќе учествиваат 982 натпреварувачи во 1.133 натпреварувачки влезови од 41 земја од Европа. Во склоп на првенството ќе се одржи и генералното собрание на Европската кик-бокс федерација.