• Зоран Мишевски

На првиот натпреварувачки ден настапија тројца македонски борачи на Европското првенство за борачи до 20 години во Каорле, Италија. Сите тројца беа поразени во првите борби и тука го завршуваат натпреварувањето.
Резултати на македонските борачи:
57кг. Мехмет Усинов – Нико Алмејер (Германија) 11-22
70кг. Трим Исмаили – Александар Гаидарли (Молдавија) 0-11
97кг. Илија Атанасов – Николаос Краванос (Грција) 0-11
Преостанува уште настапот на Омер Мемеди, кој во категоријата до 92 килограми за противник го има албанскиот борач Албин Пепоши.