• Зоран Мишевски
Само што завршија Олимписките игри во Париз, а веќе следат големи натпреварувања во повеќе спортови. Идните олимпијци во борење имаат предизвик во Светското првенство за борачи до 17 години.
Македонија ќе настапи со двајца борачи на шампионатот во Аман, Јордан.
Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат Леон Манов (45 килограми) и Омер Мемеди (80 килограми).
Целта е да ги остварат резултатите со кои се пријавени, а нивниот пласман во многу нешта ќе зависи од ждрепката и противниците.