• Зоран Мишевски
Еден од првите големи спортски настани по Олимписките игри е Светското првенство во кик-бокс за јуниори и кадети, кое ќе се одржи во Унгарија.
Македонската кик- бокс репрезентација ќе ја претставуваат четворица млади кикбоксери на шампионатот на светот за кадети и јуниори кое стартува денес, а ќе се трае и до први септември во Будимпешта.
На собирот на најдобрите млади кикбоксери во светот ќе се натпреваруваат Марија Димовска во лоу кик (-60 кг) во категоријата млади јуниори, Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг, постари јуниори), Максим Митровски (К1, -71 кг, постари јуниори) и Лука Змејкоски (лоу кик, +81 кг, помлади јуниори).
На Светското првенство најавено е учество на повеќе од 3.000 натпреварувачи од целиот свет.