Македонија отпатува со шест надежи на ЕП во таеквандо во Варшава

Mакедонската младинска таеквандо репрезентација вчера отпатува на Европско првенство до 21 година во Варшава. Селекторот Борче Костовски одбра шест натпреварувачи за континенталниот собир. 

+87 кг. Дејан Георгиевски
-80 кг. Филип Додевски 
-74 кг. Костадин Георгиевски  
-68 кг. Христијан Спасовски  
-63 кг. Иван Крстевски 
-62 кг. Анамарија Георгиевска

Главна цел на оваа избрана група е да донесе најмалку еден медал од натпреварувањето.