Македонија има нов светски јуниорски шампион во кик-бокс - Силвио Мировски!

Македонија реди успеси на Светското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Во вчерашниот голем триумф на Марија Димовска, нашата држава доби уште еден светски јуниорски шампион во кик-бокс.

Силвио Мировски го освои златниот медал во конкуренцијата на постари јуниори во категоријата до 71 килограм. Македонецот во финалето го победи Иван Бородатји од Украинa, a претходно во полуфиналната борба славеше против Атанас Димов од Бугарија.

Покрај Марија Димовска и Мировски, Лука Змејковски на овој шампионат освои сребрен медал.