Магомедов не го мина репасажот, Нуров последна надеж за мундијалски медал

Македонија има само уште една надеж за медал на Светското првенство во борење во Србија. 

Македонскиот борач Ахмад Магомедов не успеа да го мине репасажот во категоријата до 79 килограми. Тој забележа победа и пораз, така што не се пласира за борба за бронзен медал.

Магомедов вториот меч го загуби од Иранецот Мохамад Нокодилрами кој ќе се бори за бронза.

Денес и последниот македонски борач Магомедгаџи Нуров ќе стартува во категоријата до 97 килограми.