Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ со спектакуларна борба!

Главниот човек на УФЦ, Дана Вајт, соопшти дека во октагонот се враќа Конор Мекгрегор кој прво ќе има улога на тренер, а потоа и ќе се бори.

Конор Мекгрегор заедно со Мајкл Чендлер ќе бидат тренери во рамки на The Ultimate Fighter, а на крајот ќе влезат во октагонот во борба. Сезоната ќе трае од 30 мај до 15 август, а борбата меѓу Мекгрегор и Чендлер ќе биде на крајот од сезоната.

Мекгрегор се враќа во октагонто по двегодишна пауза. Последниот меч го имаше во 2021 година кога ја скрши ногата во поразот од Дастин Пориер. Ирецот во професионалната кариера имаше 28 борби, со учинок од 22 победи и шест порази.

Мајкл Чендлер важи за сериозен борач и сигурно е дека ќе биде голем предизвик за Мекгрегор, тој во кариерата има 23 победи и осум порази.