ВИДЕО: Како најубавата македонска каратистка ги одржува вештините во домашни услови?

Каратистката Моника Стефановска важи за една од најубавите македонски спортистки, а како таа се снаоѓа во изолација додека нема настани и трае пандемијата поради коронавирусот?

Стефановска, која е редовен учесник на големите натпреварувања под знамето на Македонија и има освоено многу медали, работи во домашни услови. На видеото се покажани вежбите како таа се држи во форма.

  • Тренингот на Моника Стефановска:

Моника Стефановска заедно со сестра ѝ Наташа Стефановска сонуваат за настап на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио наредната година каде каратето ќе биде за првпат на програмата.