ВИДЕО: Како Белистојаноски го порази ривалот и го освои златото во Таранто!

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски го освои златниот медал во категоријата до 67 килограми, со што ѝ го донесе на нашата земја првото најсјајно одличје од Медитеранските игри во Таранто. 

Белистојаноски беше безгрешен во финалната борба со Хрватот Боран Берак, кого го совлада со сигурни 6-0. 

Нашиот каратист запиша четири победи во низа и во ниту една од нив не остави простор за дилеми. Во полуфиналето беше подобар од Гркот Балиотис со 5-1, додека претходно во четвртфиналето го совлада Италијанецот Мареска со 2-0.