• Зоран Мишевски
Македонската репрезентација во борење за кадети (У17) од денес до 11 мај ќе учествува на Меѓународниот турнир „Константин Александру & Јоан Поповичи” во Букурешт,.
Турнирот е дел од официјалниот календар на Светската боречка федерација (УВВ) и истиот е тест за спортската форма на борачите. По овој турнир започнуваат завршните подготовки пред учеството на Европското првенство кое што ќе се одржи во Скопје следниот месец.
Во состав на македонската репрезентацијата се:
Андреј Мишев -45кг
Елмедин Ајрулаи -45кг
Леон Манов -48кг кг
Никола Гицев -51 кг
Суфијан Синани -60 кг
Фросина Атанасова -43 кг
Бојана Ковачова -53 кг
Садие Дура -53 кг
Ангела Трајковска -57 кг
Тамара Цветановска -61 кг
Нина Славевска -69 кг
Тренери на екипата се Мики Тодоров и Марјан Христов, а судија Гоце Ангелов.