Јакупи чека шанса за репасаж, елиминации за Спасеновски и Заборски во Лисабон

Почетокот на Карате 1 Премиер лигата во Лисабон минува во знакот на порази на македонските каратисти. Берат Јакупи чека шанса во репасажот во категоријата до 84 килограмни, но само ако Турчинот Угур Акташ се пласира во финалето. Во првата средба Јакупи го победи Томас Коса од Словачка 5-0, но затоа од стариот познаник Акташ загуби со високи 1-9 во второто коло.

Петар Заборски (-75 кг.) во второто коло загуби со 0-1 од Томас Скот од Соединетите Американски Држави. Борбата на Петар Спасеновски (-84 кг) со Бразилецот Фелипе Алберто заврши 1-1, но поради прв освоен поен победата му припадна на бразлискиот каратист.

-60 кг
Емил Павлов – Ихор Ухнич (Украина) 4-1
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 1-3
Абдурахим Идризи – Наото Саго (Јапонија) 0-0

-75 кг
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 3-1
Петар Заборски – Томас Скот (САД) 0-1

-84 кг
Петар Спасеновски – Фелипе Алберто (Бразил) 1-1
Берат Јакупи – Томас Коса (Словачка) 5-0
Берат Јакупи – Угур Акташ (Турција) 1-9

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора)